17 јули – Ноќе Неговата песна е со мене

„Дење, нека ми ја додели Господ Својата милост, а ноќе, ќе Го фалам, со молитвена песна, Бога на мојот живот.“ (Псалм 42,8)

Ако сте се предале на Бога за да го извршувате Неговото дело, тогаш не морате да се грижите за утре. Оној чиј слуга сте, го знае крајот уште од самиот почеток. Настаните на утрешниот ден се скриени од вашиот поглед, но откриени се пред очите на Оној кој е семоќен. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 100. оригинал)

Грижата е слепа и не може да ја сфати иднината, но Исус од почеток го гледа крајот. Во секоја тешкотија Тој има подготвен свој пат да ни донесе олеснение. (Копнежот на вековите, стр. 330. оригинал)

Како Исус што починал со вера во грижата на Отецот, така и ние треба да починеме во грижата на нашиот Спасител. Кога учениците би имале доверба во Него, би го сочувале мирот… Колку често искуството на учениците е и наше искуство! Кога наидуваат луњи на искушенија и кога жестоко молскаат молњи, а преку нас преминуваат бранови, ние со луњата се бориме сами, заборавајќи дека постои Оној кој може да ни помогне. Се потпираме на наша сила сè додека не загубиме надеж и речиси не загинеме. Тогаш ќе се сетиме на Исуса, и ако го повикаме Него да нè спаси, нашиот извик нема да биде напразен. (Копнежот на вековите, стр. 336. оригинал)

Ќе бидеме испитувани и искушувани; можеби ќе бидеме повикани да поминеме будни ноќи; но таквите моменти нека бидат поминати во искрена молитва кон Бога, за Тој да ни даде разбирање и да го оживее умот за да ги разбереме привилегиите што ни припаѓаат. (Порака до младите, стр. 26. оригинал)

Душата што живее во чиста атмосфера на чисти мисли ќе се преобрази затоа што го проучувала Писмото и воспоставила врска со Бога. (Христови параболи, стр. 60. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest