17 август – Јас признавам, и Ти простуваш

„Тогаш го признав својот грев пред Тебе и својата вина веќе не ја криев. Реков: „Ќе му го признам на Господа својот престап,” и Ти ми ја прости вината на мојот грев.“ (Псалм 32,5)

Овој запис претставува поука и охрабрување за оние кои сфаќаат колку многу грешеле во животот и страдаат поради чувството за сопствената недостојност. Библијата верно ги прикажува последиците од отпадот на Израел, но едновремено го опишува и неговото длабоко понижување и каење, сесрдна посветеност и дарежливо пожртвување што го обележиле периодот на неговото враќање кај Господа.

Секое вистинско враќање кај Господа внесува трајна радост во животот. Грешникот, кој се потчинува на делувањето на Светиот Дух, ја увидува својата вина и грешност, за разлика од светоста на големиот Испитувач на срцата. Тој себеси се гледа како осуден престапник. Но не треба да очајува поради тоа, бидејќи простувањето веќе му е обезбедено. Тој може да се радува на сознанието дека гревовите му се простени благодарение на љубовта на небесниот Отец кој проштава. Бог сака да ги прима во прегратките на својата љубов грешните, покајани човечки битија; да ги превие нивните рани, да ги очисти од нивните гревови и да ги облече во облеката на спасението. (Пророци и цареви, стр. 668. оригинал)

Во Давидовите псалми се наоѓа цела низа искуства: од најдлабока свест за сопствената вина и осуда на самиот себеси до највозвишена вера во Бога и најзаносна заедница со Него. Записот за неговиот живот сведочи дека гревот може да донесе само срам и болка, но дека љубовта и Божјото милосрдие навлегуваат во најголемите длабини, дека верата ја издигнува душата која се кае за да може да биде примена меѓу Божјите синови. Од сите свечено дадени уверувања што ги наоѓаме во Светото писмо, историјата на Давидовиот живот дава најсилно сведоштво за верноста, за правдата и за Божјата ветена милост. (Патријарси и пророци, стр. 754. оригинал)

19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости
12 август - Испитај ме и познај го срцето мое
11 август - Светиот Дух осведочува
10 август - Ги знам моите престапи

Pin It on Pinterest