17 февруари – Го дал својот Син за мојот откуп

„Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.“ (Исаија 53,10)

Планот за нашето спасение не бил дополнителна мисла, план создаден откако Адам паднал во грев. Со него се открила „тајната скриена од вечноста“ (Римјаните 16,25). Тој е откровение на начелата што биле темел на Божјиот престол уште од вечноста. Уште од почеток Бог-Отецот и Христос знаеле за отпадот на сатаната и за падот на човекот предизвикан со дејствувањето на измамната сила на отпадникот. Бог не е причина за постоењето на гревот, но Тој однапред го видел неговото постоење, обезбедувајќи средство со кое ќе ѝ се спротивстави на оваа страшна можност. Неговата љубов кон светот била толку голема, што Тој се заветувал дека ќе го даде својот единороден Син за „ниеден кој верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3,16). (Копнежот на вековите, стр. 22. оригинал)

Оној, кој е безмерен во мудроста, не можел да создаде ниеден друг план за нашето спасение освен да го жртвува својот Син. Награда за оваа жртва е радоста што земјата ќе ја наследат откупени, свети, среќни и бесмртни суштества. Радоста на откупените што се разнесува во Божја слава низ сета вечност е резултат од борбата на нашиот Спасител со силите на темнината. Вредноста на само една човечка душа е толку голема, што Отецот е задоволен со цената што е платена, а и сам Христос е задоволен гледајќи ги плодовите на својата голема жртва. (Големата борба, стр. 652. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest