17 март – Работата е благослов за човекот

„Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело – и тоа е дар од Бога.“ (Проповедник 5,19)

Работата Бог ја определил за човекот, и таа за него претставува вистинска благодат: го занимава, му ги проникнува мислите, го засилува телото и ги развива способностите. Во духовната и во телесната работа Адам наоѓал едно од најголемите задоволства на својот свет живот. И кога, поради непослушноста, бил истеран од својот прекрасен дом и кога бил присилен макотрпно да бори со ќудливото земјиште за својот насушен леб, токму таа работа, Иако во голема мера поинаква од пријатното занимање во Едем, му била заштита од искушението и извор на среќа.

Во голема заблуда се оние кои работата ја сметаат за проклетство, па макар таа да е заморна и тешка. Богатите често со презир ја гледаат работничката класа. Меѓутоа, таквото однесување е наполно спротивно на намерата што ја имал Бог кога го создал човекот. Што се имотите на најголемите богаташи во споредба со наследството дадено на возвишениот Адам? Па сепак, Адам не го поминувал животот во безделничење. Премудриот Творец, кој најдобро знае што ја зголемува среќата на човекот, му определил на Адама што треба да прави. Само работливите мажи и жени наоѓаат вистинска животна радост. (Патријарси и пророци, стр. 50. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest