16 септември – Мир

„Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.“ (Јован 14,27)

Ако го примиме Христос како постојан гостин во својата душа, Божјиот мир што го надвишува секој ум, ќе ги сочува нашите срца и мисли во Исуса Христа. Животот на нашиот Спасител на Земјата, иако исполнет со судири, бил живот на мир… Никаква бура на човечкиот или сатанскиот гнев не можела да го наруши мирот на Неговата совршена заедница со Бога. И Тој ни вели: „Мир ви оставам; мирот свој ви го давам“… Среќата која потекнува од овоземните извори е променлива, како што се променливи и различните животни околности; но Христовиот мир е постојан и траен. Тој не зависи од околностите на животот, од големината на световните добра или од бројот на пријателите што ги имаме на оваа земја. Христос е извор на жива вода, и среќата која потекнува од Него никогаш нема да изневери.

Христовата кротост, покажана во домот, ќе ги усреќи сите домашни; таа не предизвикува кавга, не враќа налутено, туку го смирува раздразнетиот темперамент и зрачи со благост што ја чувствуваат сите оние кои се наоѓаат во делокругот на нејзиното дејство. Секое земно семејство во кое се негува кротоста, се соединува со големото семејство на небото. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 15-17. оригинал)

Христос е „Кнез на мирот“ (Исаија 9,6), и Неговата мисија е да го врати мирот и на Земјата и на небото, којшто бил нарушен поради гревот… Секој оној што ќе се согласи да се откаже од гревот и да го отвори своето срце за Христовата љубов, ќе има удел во овој небесен мир.

Освен овој, не постои друг темел на мирот. Христовата милост, примена во срцето, го отстранува секое непријателство, ја смирува секоја кавга и душата ја исполнува со љубов. Оној што е во мир со Бога и со своите ближни, никој не може да го направи несреќен. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 27.28. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest