16 октомври – Синот Човечки дојде да служи

„Како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.“ (Матеј 20,28)

Тој ги повикал луѓето не да владеат туку да служат, посилните да ги носат слабостите на слабите. Оној што има моќ, положба, дарови, образование, има поголема обврска да им служи на своите ближни. Дури и на најскромните Христови ученици им е кажано: „Навистина, сето ова се случува заради вас“… Меѓу своите ученици Христос во секоја смисла бил Оној што се грижел и носел товар. Тој го делел нивното сиромаштво, за нив покажувал самооткажување, одел пред нив да ги израмни тешките места и набргу ќе го заврши своето дело на земјата положувајќи го својот живот. Начелото според кое дејствувал Христос треба да ги поттикне членовите на Црквата која е Негово тело. Љубовта е план и основа на спасението. Во Христовото царство најголеми се оние кои го следат примерот што го дал Тој и кои дејствуваат како пастири на Неговото стадо. (Копнежот на вековите, стр. 550. оригинал)

Исус слегол до нас таму каде што сме се наоѓале. Тој ја зел нашата природа и победил, за ние, земајќи ја Неговата природа, да можеме да победиме… Исус покажал во што се состои праведноста и ни укажува на Бога како нејзин извор. Сега се осврнал на практичните должности. Кога давате милостиња, кога се молите и постите, вели Тој, тоа не треба да го правите за да го привлечете вниманието на другите на себе или себеси да се прославите. Да даваме искрено за добро на сиромасите што страдаат. Во молитвата душата нека биде поврзана со Бога. Во постот да не одиме со наведени глави и со срце исполнето со себе… Оној што безусловно ќе му се потчини на Бога, ќе подари најприфатлива служба. Дружејќи се со Бога, луѓето стануваат Негови соработници, откривајќи го во човечката природа Неговиот карактер. (Копнежот на вековите, стр. 312. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest