16 мај – Покајанието на Неемија

„Ти си праведен во сè што нè најде, зашто Ти покажа верност, а ние своето зло.“ (Неемија 9,33)

Совладан од тага, Неемија не можел ниту да јаде ниту да пие; тој плачел, тагувал и постел неколку дена. Во својата жалост се обратил на божествениот Помошник… Искрено ги признал своите гревови и гревовите на народот. Го молел Бога да го зачува Израел, да им ја врати храброста и силата и да им помогне да ги обноват разурнатите места во Јудеја. Колку повеќе се молел Неемија, толку повеќе јакнеле неговата вера и храброст. Неговите зборови биле проследени со свети докази…

Молитвата што ја изговорил Неемија во тој тежок час претставува столб кој му стои на располагање на секој христијанин во околности кога нема можност да се моли на друг начин. Оптоварените што чекорат на забрзаниот животен пат и кои речиси потклекнале под товарот на неволјите, можат во молитва да Му се обратат на Бога за водство. Патниците по море и на суво можат да побараат помош од небото кога ќе им се закани некоја голема опасност. Во време на непредвидени тешкотии и опасности, човек може да упати повик кон Оној кој ветил дека ќе му помогне на секој свој верен и предан следбеник, кога и да Го повика.

Душата оптоварена со болки и грижи или изложена на жестоки искушенија, може во секоја пригода и околност да најде сокровиште, помош и утеха во неизмерната љубов и сила на Бога, кој го исполнува својот завет…

Овој пример на мудра претпазливост и решителност во работата треба да им послужи како поука на сите христијани. Божјите деца треба не само да се молат со вера, туку и да работат сесрдно, внимателно и промислено. (Пророци и цареви, стр. 629-633. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest