16 јуни – Божјиот збор е леб од небото

„Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене. Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ (Јован 6,57.58)

Нашиот живот треба да се поврзе со Христовиот; мораме постојано да црпеме од Него, да се храниме со Него, со живиот леб кој слегол од небото, да се напојуваме од свежиот, непресушлив извор на Неговото богатство. Ако постојано го имаме пред себе Господа, ако му дозволуваме на нашето срце да му се обраќа со фалба и благодарност, нашиот верски живот постојано ќе се освежува.

Нашите молитви ќе добијат вид на разговор со Бога како што се разговара со пријател. Тој сам ќе ни ги открива своите тајни. Мошне често ќе уживаме радост што произлегува од свеста за Исусовото присуство. Често нашето срце ќе гори во нас кога Тој ќе се приближува да разговара со нас, како што правел со Еноха… Кај оние што се опфатени со неа, Христовата религија ќе се открива како окрепувачко начело што проникнува, како жива, делотворна, духовна енергија. Кај нив ќе се покажува свежина, сила и радост на постојана младост.

Срцето што ја прима Божјата Реч не е бара што испарува, ниту напукнат кладенец кој го губи своето богатство. Тоа е слично на планински поток кој извира од непресушен извор, чијашто студена, искричава вода скока од карпа на карпа, освежувајќи ги уморните, жедните и тешко оптоварените. (Христови параболи, стр. 129.130. оригинал)

Христијаните треба да се подготвуваат за она што ненадејно ќе го снајде овој свет. Таа подготовка треба да се состои од проучување на Божјата Реч. (Пророци и цареви, стр. 626. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest