16 јули – Блажен е оној кој чита

„Блажен е кој чита и блажени се кои ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу.“ (Откровение 1,3)
Кога ќе се разбуди вистинска љубов кон Библијата, и кога оној што ја проучува ќе почне да согледува колку е широко нејзиното поле и колку се скапоцени нејзините богатства, тој ќе посака да ја исползува секоја можност да се запознае со Божјата Реч. Проучувањето на Библијата нема да биде ограничено на некое посебно време или место. Тоа постојано проучување е едно од најдобрите средства за негување љубов кон Писмото. Ученикот треба секогаш да ја има при себе својата Библија. Кога имате можност, читајте и размислувајте за она што сте го прочитале. Додека одите по улиците, чекате на железничка станица, додека чекате некого, искористете ја можноста да извлечете неколку скапоцени мисли од сокровиштето на вистината,

Големите движечки сили на душата се верата, надежта и љубовта; и проучувањето на Библијата, ако таа правилно се проучува, ги разбудува токму овие сили. Надворешната убавина на Библијата, убавината на мислата и изразот, се само заднина, ако така може да се рече, за нејзиното вистинско богатство – убавината на светоста. Во библискиот извештај за луѓето кои оделе со Бога можеме да ѕирнеме во одблесоците на Неговата слава. Во Оној, кој е „Сиот убав“, ние го гледаме Него, кого сета убавина на Земјата и небото само благо го одразуваат… Кога проучувачите на Библијата гледаат во Спасителот, тогаш во душата се буди таинствената сила на верата, обожувањето и љубовта. Гледајќи го постојано Христовиот лик, гледачот станува сѐ посличен со Оној кого Го обожува…

Изворите на небесен мир и радост кои се отвориле во душата со словото на Вдахновението, ќе станат моќна река на влијание од благослов за сите кои ќе дојдат во нејзина близина. (Воспитување, стр. 191.192. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest