16 август – Признавањето води до спасение

„Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение.“ (Римјаните 10,10)

Кога христијаните би знаеле колку пати Господ го пренасочил патот по кој одат тие, за да не се остварат намерите на непријателот, не би се препнувале често и не би се жалеле. Нивната вера во Бога би била толку цврста, што никакво искушение не би можело да ги поколеба. Тие би го признале за своја мудрост и сила и Тој би направил преку нив да се оствари она што го посакува. (Пророци и цареви, стр. 576. оригинал)

Условите за добивање на Божјата милост се едноставни и сфатливи. Господ не бара од нас некои болни испаштања за да ни биде простено. Не ни се потребни долги и заморни поклоненија, ниту вршење на мачни и болни покајнички покори за нашата душа да му ја препорачаме на небесниот Отец или да ги окаеме нашите гревови. „Кој ќе го признае и ќе го остави“ својот грев, „ќе добие милост.“

Христос е во небесните дворови и посредува за својата црква – залагајќи се за оние за кои платил откуп со својата крв. Ниту вековите, ниту милениумите не можат да ја намалат силата на Неговата откупителска жртва. Ниту животот, ниту смртта, ниту висината, ниту длабината, не можат нас да нѐ одделат од Божјата љубов која е во Исуса Христа; но не затоа што ние се држиме толку цврсто за Него, туку затоа што Тој нас нѐ држи толку цврсто. Кога нашето спасение би зависело само од нашите напори, ние не би можеле да бидеме спасени; меѓутоа, спасението зависи од Оној кој стои зад секое свое ветување. Врската со која ние сме се фатиле за Него може да изгледа слаба и несигурна, но Тој нас нѐ сака како наш постар Брат, и сѐ додека одржуваме таква заедница со Него, никој не може да нѐ оттргне од Неговите раце. (Делата на апостолите, стр. 552.553. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest