16 aприл – Почитувајте Го Бога

„Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход, и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.“ (Пословици 3,9.10)

Ако Божјите благослови почиваат на вас поради тоа што целосно сте Му се предале Нему, вие ќе напредувате. Но ако се одвратите од Бога, Тој ќе се одвои од вас. Неговата рака може побргу да растури отколку што можете да соберете. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 496)

Духот на дарежливоста е небесен дух. Тој дух во својот највозвишен вид се покажал во Христовата жртва на крстот… Од друга страна, духот на себичноста е дух на сатаната. Начелото што се покажува во животот на луѓето на овој свет гласи – да се стекнува и само да се зема. Тие се надеваат дека на тој начин ќе си обезбедат среќа и полесен живот, но плод на нивната сеидба е беда и смрт.

Сѐ додека Бог ни ги дава своите благослови нам, како на свои деца, ние имаме обврска да му враќаме дел на кој Тој има право. И не само што ни е должност да му го вратиме на Господа делот што му припаѓа, туку треба во Неговата благајна да приложиме и свои доброволни прилози како дар на благодарност. Со радосно срце на Творецот треба да му ги посветиме и првите плодови од нашето плодородие – најдоброто што го имаме, а и најдобра и најсвета служба. Така ќе го примиме изобилството на Неговите благослови. Сам Бог ќе стори нашата душа да стане како полеана градина чијашто вода не пресушува. И кога ќе се собира последната голема жетва, сноповите што сме успеале да му ги донесеме на Господарот, ќе претставуваат награда за несебичната употреба на талентите што ни биле позајмени. (Делата на апостолите, стр. 339.340. оригинал)

Божјата рака може да подари или пак да ускрати успех во животот; и Тој често му ускратува на едниот додека на другиот му дава во изобилство. Сето тоа се случува за луѓето да бидат испитани и да се види што им е во срцето. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 547)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest