16 јануари – Сите добра

„А тогаш заедно со левитот и со придојденикот, кој ќе биде кај тебе, уживај ги сите добра со кои Господ, твојот Бог, те опсипа тебе и твојот дом.“ (Второзаконие 26,11)

Бог на Израелците им дал упатство да се собираат пред Него во одредени временски периоди, на местото кое Тој ќе го одбере и да се одредат посебни денови кога нема да се работи никаква непотребна работа туку тоа време ќе се посвети на размислување за благословите со кои Тој ги опсипал. Тие денови морале да донесуваат подароци, доброволни дарови и жртви во знак на благодарност на Господа, во склад со благословите кои ги примиле од Него. Слугата и слугинката, туѓинецот, сирачето и вдовицата, сите тие се радувале што Бог со својата чудесна сила ги спасил од ропските синџири и им дарувал слобода. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 573. оригинал)

Зар нема да празнуваме свети празници на Бога? Зар нема да покажеме дека имаме малку ентузијазам во Неговата служба? Со возвишената и благородна тема на спасението пред нас, зар ќе бидеме студени како мермерни статуи? Ако луѓето можат да се возбудат толку многу за натпревар во крикет, или за коњски трки, или за неразумни работи кои никому не носат добро, зар ние да останеме невозбудени кога пред нас се открива планот на спасението? Нека… црквата отсега има празници на радост кон Господа. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 371)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest