16 февруари – Неговата добрина е вечна

„При изблик на гнев, за миг го скрив Своето лице од тебе, но ти се смилував со вечна љубов, зборува Господ твојот Искупител.“ (Исаија 54,8)

Во сите наши искушенија имаме сигурен Помошник. Тој нема да нè остави сами да се бориме со искушенијата, да се бориме со злото и на крај да бидеме скршени од товарот и тагата. Иако сега е скриено од очите на смртниците, увото на верата може да го чуе Неговиот глас како зборува: Не бој се, јас сум со тебе… Јас ги поднесов вашите жалости, ги искусив вашите борби, се сретнував со вашите искушенија. Јас ги познавам вашите солзи, зашто и самиот Јас плачев. Ги познавам болките кои се безмерно длабоки и кои не можат да му се доверат на ниедно човечко уво. Немојте да мислите дека сте напуштени и оставени. Иако вашата болка не трогнала ниту една чувствителна струна на некое срце на земјата, погледнете во Мене и живејте….

Колку што може пастирот да ги сака своите овци, Тој уште повеќе ги сака своите синови и ќерки. Исус не е само наш пастир, Тој е „Отец вечен“. Тој вели: „Јас ги познавам моите овци и моите овци ме познаваат мене. Како Отецот што ме познава мене и јас го познавам Отецот“ (Јован 10,14.15). Каква изјава ­ единородниот Син, Тој, кој е во прегратките на Отецот, Тој, кого Бог го објавил како „човек, мој сродник“ (Захарија 13,7) ­ со заедницата меѓу себе и вечниот Бог ја прикажува заедницата меѓу себе и Неговите деца на земјата!

Исус нè сака затоа што сме подарок кој му го подарил Неговиот Отец, награда за Неговиот труд. Тој нè сака како свои деца. Читателе, Тој те сака. Небото не може да подари ништо поголемо, ништо подобро. Затоа имај доверба. (Копнежот на вековите, стр. 483. оригинал)

10 март - Тој ќе нè очисти
9 март - Тој ќе направи да одиме по Неговите уредби
8 март - Тој ќе ни даде ново срце
7 Март - Веќе нема да се сеќава на нашите гревови
6 Март - Тој ќе го напише Законот во нашите срца
5 март - Тој ќе го утврди својот завет со нас
4 март - „Кон Мене обратете се, и ќе бидете спасени“
3 март - Спасението е дар од Бога
2 март - „Јас Сум со тебе, за да те спасам“
1 март - „Моето спасение изгрева“

Pin It on Pinterest