16 март – Бидете среќни кога извршувате корисна работа

„Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел.“ (Проповедник 5,18)

Кога еднаш ќе се создаде навика да уживате во корисна работа, таа никогаш нема да се изгуби. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 336. оригинал)

Оној кој ќе се покаже немарен и кој намерно останува незнајко, самиот себеси си поставува препреки на животниот пат. Тој го презира она образование кое е плод на марлива работа. Со воздржувањето на раката за да им помогнеш на ближните, Го крадеш Бога. Правецот по кој си тргнал е спротивен од патот по кој Бог сака да одиш. Навистина, избегнувањето на корисната употреба на своите сили значи поттикнување на ниските склоности и парализирање на најдобрите сили на целото битие.

Со мали исклучоци, илјадници човечки битија живеат само за да ги трошат добрата што Бог во Својата милост им ги дарува. Давајќи им ги плодовите на земјата, Бог им доверил богатства, но тие забораваат да Му се заблагодарат. Забораваат дека Божја волја е тие, откако ги примиле даровите, да бидат не само потрошувачи туку и производители. Кога подобро би разбрале што Господ очекува од нив како од свои соработници, не би ги избегнувале своите одговорности и не би дозволувале другите да им служат.

Вистинска среќа е да се биде добар и да се прави добро. Најчистата и највозвишена радост ги чека оние кои верно ги исполнуваат своите должности. Ниту една чесна работа не го понижува човекот. Одвратната мрзеливост прави некои да ги презираат обичните, секојдневни должности во животот. (Порака до младите, стр. 210. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest