15 септември – Радост 

„И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.“ (Псалм 5,11)

Целата ваша среќа, мир, радост и успех во овој живот зависат од вистинска, доверлива вера во Бога. Оваа вера ќе ве поттикне на вистинска послушност кон Божјите заповеди. Вашето знаење и вера во Бога е најсилниот фактор што ќе ве сочува од секое зло, и ќе ви биде поттик за секое добро.

Верувајте во Исус како оној кој ви ги простува гревовите, оној кој сака да бидете среќни во живеалиштата што отишол да ги подготви за вас. Тој сака да живеете во Негово присуство, да имате вечен живот и круна на слава. (Порака до младите, стр. 410. оригинал)

Што и да се прави во слава на Бога, треба да се прави со радост, а не тажно и стушено. Во Христовата религија не постои ништо мрачно. Ако христијаните со својот мрачен изглед оставаат впечаток дека се разочарале во својот Господ, тие лажно го претставуваат Неговиот карактер и сами им ставаат аргументи на Неговите непријатели. Иако може со зборови да тврдат дека Бог е нивен Татко, со својот потиштен и мрачен изглед, и со својата тага, на светот му изгледаат како сирачиња.

Христос сака служењето на Бога да го прикажеме привлечно, токму онакво какво што е. Своите самооткажувања и тајните искушенија на нашето срце, треба да му ги откриеме на нашиот Спасител, кој е полн со сочувство. Својот товар треба да го оставиме во подножјето на крстот и да продолжиме по својот пат радувајќи се во љубовта на Оној кој прв нѐ засака нас. Луѓето можеби никогаш нема да дознаат што во тајноста се случува меѓу Бога и душата, но последиците на делувањето на Духот на срцето ќе станат видливи за сите, бидејќи Оној „Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно“. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 88. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest