15 ноември – Тој е наш штит и меч

„Блазе ти, Израелу! Кој народ Господ го заштитува како тебе? Тој е твој штит и твој славодобивачки меч, непријателите ќе ти се покорат, и ти ќе им газиш по високите места.“ (Второзаконие 33,29)

Оној што служи под окрвавеното знаме на Емануел честопати треба да прави работи кои бараат херојски напор и трпеливост. Но, војникот на крстот стои без страв во првите борбени редови. Додека непријателот го напаѓа, тој се свртува кон Тврдината за помош; и додека му ги претставува на Господа ветувањата од Словото, тој се зајакнува за должностите што ги има во тој момент. Тој ја сфаќа својата потреба за сила одозгора… Потпирајќи се на таа сила, тој е способен да ја објави пораката на спасението толку силно што ќе разбуди одглас во умовите на другите. (Gospel Workers, p. 16)

Покрај високите духовни способности, Павле поседувал и дар на ретка мудрост на проникливост и сочувство, која го водела во хармонија со другите, оспособувајќи го да ја поттикне нивната подобра природа да се стреми кон повозвишен живот. Неговото срце било исполнето со искрена љубов кон коринтските верници… Знаел дека тие на својот христијански пат при секој чекор ќе наидуваат на сатански гнезда и секој ден ќе мора да водат борба… Но тој исто така знаел дека во распнатиот Христос им е понудена сила доволна не само да ја преобрати душата, туку и да им овозможи да му се спротивстават на секое искушение на сатаната. Со вера во Бога како оклоп и со Неговата Реч како оружје за војување, тие ќе располагаат со внатрешна сила со која успешно ќе ги одбиваат нападите на непријателот. (Делата на апостолите, стр. 307. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest