15 мај – Покајанието на Ездра

„И реков: ‘Мој Боже! Срам ми е и се плашам да го подигнам моето лице кон Тебе, мој Боже! Зашто нашите злодела се намножија преку глава, и нашите гревови се натрупаа до небото.’“ (Ездра 9,6)

Жалењето на Ездра и неговите другари поради злото кое лукаво се вовлекло во срцето на Божјето дело, довело до покајание. Срцата на мнозина од оние што згрешиле биле трогнати… Луѓето барем до некаде почнале да увидуваат колку е страшен гревот и со каква одвратност гледа Бог на него. Ја разбрале светоста на Законот кој бил изречен на Синај и мнозина затрепериле сеќавајќи се на своите престапи… Со тоа започнала една чудесна преобразба. Ездра и неговите помошници, со бескрајно трпение, тактичност и внимателно однесување кон секој поединец, се труделе да ги изведат на прав пат покајаните во Израел. Ездра првенствено бил учител на законот и тој го испитувал секој случај, трудејќи се да им укаже на луѓето на светоста на Законот и на благословите што произлегуваат од послушноста…

Во денешно време, кога сатаната преку своите многубројни помошници се труди да ги заслепи луѓето за да не ја разберат неопходноста од држењето на Божјиот закон, потребни се луѓе кои ќе поттикнат мнозина да „чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог“ (Ездра 10,3). Потребни се вистински реформатори кои на престапниците ќе им укажат на големиот Законодавец и ќе ги поучат дека „Господовиот Закон е совршен – ја крепи душата“.

Потребни се луѓе кои совршено го познаваат Светото писмо, кои со секој свој збор и постапка го воздигнуваат Божјиот закон и се стремат да ја зајакнат верата. О, колку се потребни учители кои ќе ги вдахнат срцата со стравопочит и љубов кон Светото писмо. (Пророци и цареви, стр. 622-624. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest