15 јуни – Христос ја создал саботата

„Зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.“ (Колосјаните 1,16)

Саботата е прогласена за света при создавањето. Бидејќи е воспоставена за човекот, таа има свое потекло од времето „кога пееја заедно утринските ѕвезди и кога ликуваа Божјите синови“ (Јов 38,7). Над светот почивал мир, зашто земјата била во хармонија со небото. „И виде Бог сè што создаде, и беше мошне добро“, и си починал, радувајќи му се на своето завршено дело (Битие 1,31).

Затоа што се одморал во сабота, „Бог го благослови седмиот ден и го посвети“, го изделил за света употреба. Тој му ја дал на Адама како ден за одмор. Била спомен на делото на создавањето, а со тоа и знак на Божјата моќ и на Неговата љубов. Писмото кажува: „Тој прави чуда што се паметат“. „Навистина, неговите невидливи особини, неговата вечна сила и божество, јасно се согледуваат од создавањето на светот ако се набљудуваат неговите дела“ (Битие 2,3; Псалм 111,4; Римјаните 1,20).

Светот го создал Божјиот Син. „Од почеток беше Речта, и Речта беше со Бога – и Речта беше Бог… Сè настанало преку неа и ништо што постои не настанало без неа“ (Јован 1,1-3). Бидејќи саботата е спомен на делото на создавањето, таа е доказ за Христовата љубов и моќ…

Саботата била вклучена во законот на Синај; но тогаш не е првпат објавена како ден за одмор. Израелскиот народ тоа го знаел пред Синај. Саботата е празнувана на патот кон Синај…

Саботата не била само за Израел, туку за цел свет. Таа му е објавена на човекот во Едем, па како и другите заповеди на Декалогот, непоминливо обврзува. За законот, чијшто дел е четвртата заповед, Христос изјавува: „Додека постојат небото и земјата, нема да исчезне ниту една цртичка, ниту една титла од законот“. Сè додека постојат небото и земјата, саботата ќе биде знак на моќта на Творецот. Кога на земјата повторно ќе процути Едем, Божјиот свет ден за одмор ќе го почитуваат сите под Сонцето. „Од сабота во сабота“ секој жител на прославената нова земја ќе доаѓа „да се поклони пред мене, вели Господ“ (Матеј 5,18; Исаија 66,23). (Копнежот на вековите, стр. 281.283. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest