15 јули – Градење на карактерот

„И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот.“ (Римјаните 8,1)

Вистинското образование не ја потценува вредноста на научните сознанија или литературните достигања; но повеќе од познавањето на фактите, тоа ја вреднува енергијата; повеќе од енергијата, добрината; повеќе од интелектуалните достигања, карактерот. На светот не му се толку потребни луѓе со блескав ум колку луѓе со благороден карактер. Нему му се потребни луѓе со чиј карактер владеат цврсти принципи.

„Главно е мудроста“, затоа „придобивај мудрост.“ „На мудрите јазикот добри знаења искажува“ (Пословици 4,7; 15,2). Оваа мудрост се добива преку вистинското образование. Таа нѐ учи како најдобро да употребиме не само една туку сите свои сили и постигања. На тој начин тоа го опфаќа целиот круг на нашите должности – кон себе, кон светот и кон Бога.

Изградбата на карактерот е најважното дело кое некогаш им било доверено на човечките суштества; и никогаш порано неговото вредно изучување не било толку важно како сега. Никогаш ниту една претходна генерација не морала да се соочува со толку тешки проблеми; никогаш порано момчињата и девојките не биле изложени на толку големи опасности како што се оние што денес им се закануваат.

Во време како што е нашето, каква е насоката на образованието што се дава? На кои движечки сили во човекот тоа најчесто му се обраќа? На самољубието. Голем дел од образованието што се дава, не го заслужува тоа име. Со вистинското образование се отстранува себичната амбиција, копнежот за власт, непочитување на правата и потребите на човештвото – пороци кои како проклетство го притискаат нашиот свет. Бог со својот план за животот му одредил место на секое човечко суштество. Секој треба потолно да ги развие своите таленти; ако биде верен во тоа, без оглед дали има малку или многу дарови, тој е достоен за почит. Во Божјиот план нема место за себично ривалство. Оние кои се мерат „себеси според себеси и меѓусебно се споредуваат не се мудри“ (2. Коринтјаните 10,12). Што и да правиме, мора да биде направено „од душата, како за Господа, а не за луѓе; знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете му на Господа Христа!“ (Колосјаните 3,23.24). Службата што ја извршуваме е скапоцена, а скапоцено е и образованието што го добиваме со примената на овие принципи. Но, колку е поинаков најголемиот дел од денешното образование! Со него детето уште од најрани години се поттикнува на натпреварување и ривалство; се негува себичноста, коренот на секое зло. (Воспитување, стр. 225.226. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest