„Гледајте да не презрете едно од овие мали; зашто ви велам, дека нивните ангели во небесата, постојано Го гледаат лицето на Мојот Татко, Кој е во небесата.“ (Матеј 18,10)
Вие, фарисеите, сакал да каже Христос, себеси се сметате дека сте небесни миленици. Мислите дека сте сигурни во својата праведност. Затоа, знајте дека мојата мисија не се однесува на вас доколку вам не ви е потребно никакво покајание. Јас дојдов да ги избавам токму оние понизни души кои се свесни за своето сиромаштво и за својата грешност. Небесните ангели се заинтересирани за тие загубени души што ги презирате вие. Приговарате и се подбивате кога една од тие души ќе ми се придружи мене, но знајте дека ангелите се радуваат и дека низ небесните дворови се одгласуваат победоносни песни. (Христови параболи, стр. 189. оригинал)
Ангелите со големо внимание посматраат да видат како се однесуваат луѓето спрема своите ближни. Кога ќе видат дека некој покажува христолико сожалување кон оние што грешат, застануваат крај него и му дошепнуваат зборови што треба да ги каже, што треба да бидат леб на животот за таа душа. (Христови параболи, стр. 149. оригинал)
Ако загубената овца не се врати во трлото, таа ќе лута се додека не пропадне. Многу души заминуваат во пропаст затоа што нема подадена рака да ги спаси. Овие заталкани души можеби изгледаат тврди и безобѕирни, но кога тие би ги уживале истите предимства што ги имале другите, можеби би покажале многу поголема благородност во душата и подобри способности за корисна служба. На ангелите им е жал за тие заталкани души. Ангелите плачат додека човечките очи се суви и срцата затворени за сомилост. (Христови параболи, стр 191.192. оригинал)
Во Светиот Град владее совршен ред и хармонија. Секој ангел кој добива налог да ја посети земјата, има златна картичка која ја покажува на ангелите крај вратите од Градот и при влезот и при излезот. (Рани списи, стр. 39. оригинал)
