15 август – Должност на Црквата

„Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Христос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.“ (1. Тимотеј 4,6).

Светиот Дух е здив на духовниот живот во душата. Давањето на Духот е давање на Христовиот живот. Тој го исполнува примачот со Христови особини. Само оние што се така поучени од Бога, во кои дејствува Светиот Дух и во чијшто живот се покажува Христовиот живот, треба да стојат како претставници пред луѓето и да служат за добро на Црквата.

„На кои ќе им ги простите гревовите“, рекол Христос, „простени им се; на кои ќе им ги задржите, задржани им се“. Христос овде не му дава никаква слобода на ниеден човек да изрекува суд над другите. Во беседата на гората Тој го забранил тоа. Тоа право му припаѓа само на Бога. Меѓутоа, на организираната Црква Тој ѝ дава одговорност за секој верник. Оние што ќе паднат во грев, Црквата е должна да ги опоменува, да ги поучува и, ако е можно, да ги обновува. „Укорувај, предупредувај, охрабрувај“, кажува Господ, „со големо трпение и поука“ (2. Тимотеј 4,2). Постапувај верно со оние што грешат. Опоменувај секоја душа која е во опасност. Не дозволи никој да се лаже самиот себеси. Гревот наречи го со неговото вистинско име. Објави што рекол Господ за лажењето, за кршењето на саботата, за кражбата, за идолопоклонството и за секое друго зло. „Оние што прават такви работи нема да го наследат царството Божје“ (Галатјаните 5,21). Ако упорно останат во гревот, осудата што сте им ја изнеле од Божјата реч Небото ќе ја прогласи над нив. Определувајќи се за гревот, тие се откажуваат од Христа. Црквата мора да покаже дека не ги одобрува нивните дела или и самата ќе го обесчести својот Господ. Таа за гревот мора да каже што зборува Бог за него. Таа со нив мора да постапи според Божјето упатство и нејзиното дејствување ќе биде потврдено на Небото. Оној што го презира авторитетот на Црквата, го презира и директно Христовиот авторитет.

Меѓутоа, постои и посветла страна на сликата. „На кои ќе им ги простите гревовите, простени им се“. Оваа мисла секогаш нека ни биде на ум. Во работата за заблудените секое око нека биде насочено кон Христа…

Црквата со благодарно срце нека го прими покајанието на грешниците. Оној што се кае нека се изведе од мракот на неверството во светлината на верата и правдата. Неговата треперлива рака нека се стави во раката на Исусовата љубов. Таквото проштавање го потврдува Небото. (Копнежот на вековите, стр. 805.806. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest