15 aприл – Смирете се пред Господа

„Смири се пред Господа и надевај се на Него, не дразни се заради оној, кој напредува на својот пат, заради човекот кој кове подлост.“ (Псалм 37,7)

Мнозина, дури ни во миговите на молитва, не го примаат благословот на вистинска заедница со Бога. Тие премногу брзаат. Со брзи чекори минуваат низ кругот на Христовата возљубена присутност, застанувајќи можеби само за миг во нејзините свети граници, но не за да чекаат совет. Тие немаат време да останат со Божествениот Учител, и заедно со своите товари, и се враќаат на својата работа.

Ваквите луѓе нема да можат да постигнат вистински успех сѐ додека не разберат во што е тајната на силата. Тие мораат да одвојат време да размислуваат, да се молат, да очекуваат од Бога обновување на својата физичка, ментална и духовна сила. Ним им е потребно закрепнувачкото влијание на Божјиот Дух. Кога ќе го примат, ќе бидат проткаени со нов живот. Изнемоштеното тело и изморениот мозок ќе бидат освежени, а обременетото срце ќе биде одморено. (Воспитување, стр. 260. оригинал)

Повторно велам: радувај се во Господа. Почивај во Него. Потребна ти е Неговата сила и таа сила можеш да ја имаш. Чекори напред цврсто, смело, храбро. Можеш да погрешиш во своето расудување, но секогаш потпирај се на Исуса. Тој е мудрост, Тој е светлина, Тој е сила. Тој за тебе е голема Карпа во пуста земја. Одморај се во Неговата сенка. Потребна ти е мудрост и Христос ќе ти ја даде. Не биди неверник. Колку повеќе луѓето те потиснуваат, те сфаќаат погрешно, и те прикажуваат лажно имаш повеќе докази дека го вршиш делото на Учителот и мораш поцврсто да се држиш за својот Спасител. Во сите свои тешкотии биди сталожен и смирен, трпелив, не враќајќи зло за зло, туку добро за зло. Подигни го погледот кон врвот на скалите. Над нив е Бог. (Сведоштва за црквата, вол. 8 стр. 130. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest