„Ме изведе на широко место, ме избави зашто му бев мил.“ (Псалм 18,19)
Христос наоѓа задоволство да ги земе оние кои навидум изгледаат безнадежни, оние кои сатаната ги понизил и преку кои некогаш работел и да ги направи поданици на својата благодат. Тој се радува што може да ги ослободи од страдањата и гневот кој паѓа на непослушните. (Gospel Workers, p. 516.)
Светот е работилница во која, преку соработка на човечките и божествените орудија, Исус со својата благодат и божествена милост ги испитува човечките срца. Ангелите се восхитуваат кога гледаат преобразба на карактерот кај оние кои Му се предале на Бога. (Testimonies to Ministers, p. 49)
Квасецот на вистината предизвикува промена во целокупното човечко суштество; неучтивите ги прави отмени, грубите нежни, а себичните великодушни. Со негова помош нечистите се чистат од порочноста и се перат во крвта на Јагнето. Сѐ што е поврзано со умот, со душата и телото, тој со својата животодавна сила го сообразува со божествениот живот. Низ неговиот извонреден и совршен карактер се прославува Христос. Кога ќе се случат овие промени, гласовите на ангелите се слеваат во заедничка песна што восхитува, а Бог и Христос се радуваат со душите што го одразуваат божествениот лик. (Христови параболи, стр. 102. оригинал)
