„Зар ти му подари сила на коњот? Зар ти му го украси вратот со гривна?… Весело ја раскопува земјата со копитото, храбро излегува против оружјето.“(Јов 39,19.21)
Повремени, грчевити напори на некои луѓе кои тврдат дека се христијани, можат да се споредат со работата на силните, но неизвежбани коњи. Додека еден влече напред другиот влече наназад, на гласот на господарот еден скока, а другиот стои неподвижен. Ако луѓето во големото и величествено дело на ова време не постапуваат сложно, ќе дојде до збрка. Не е добар знак кога луѓето одбиваат да се соединат со своите браќа и постапуваат самостојно… Ако луѓето го земаат на себе Христовиот јарем, тие не можат да влечат на страна, туку заедно со Христа. Некои… влечат со сета сила што Бог им ја дал, но сè уште не научиле дека не смеат сами да влечат. Наместо да се осамуваат, тие мораат да влечат заедно со останатите работници. Ако не постапуваат така, тие нема да знаат да го изберат ниту вистинскиот момент, ниту пригодниот начин за својата работа. Тие често ќе постапуваат спротивно на она што Бог го сака, и нивните напори ќе бидат повеќе отколку напразни. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 258.259. оригинал)
Бог е олицетворение на добродетелството, милоста и љубовта. Тие што навистина се поврзани со Бога не можат да бидат меѓусебно несложни. Неговиот дух, кога владее во срцето, создава хармонија, љубов и единство. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 28. оригинал)
Исус ви овозможил да ја примите Неговата љубов и под нејзиното благотворно делување да соработувате со Него. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 50. оригинал)
