„Покажи ми ја Господи, врвицата на Твоите правила и јас ќе ја чувам до крај.“ (Псалм 119,33)
Бог им ја објавил на луѓето својата волја, и глупост е кога човекот го става во прашање она што излегло од Неговата уста. По природа сомничавиот човек не може да расправа ниту да нагаѓа за она што го изговорила бесконечната Мудрост ниту е негово, како непостојано суштество, тоа да го средува или да го прилагодува. Сѐ што се бара од него е искрено и сесрдно да соработува при исполнувањето на изричната Божја волја. Послушноста е највисок налог на разумот и совеста. (Делата на апостолите, стр. 506. оригинал)
Децата, пред сѐ, треба да научат дека вистинското стравопочитување се покажува преку послушноста. Ништо што Бог заповедал не е неважно, и нема друг начин да се покаже стравопочит кој би Му бил толку пријатен како што е послушноста кон она што Тој го рекол. (Воспитување, стр. 244. оригинал)
Малку родители почнуваат доволно рано да ги учат своите деца на послушност. На детето обично му се дозволува да ги претекне родителите за две или три години, кои се воздржуваат да го дисциплинираат, мислејќи дека е премногу мало за да научи да слуша. Но, цело ова време, себичноста се зајакнува кај малечкото суштество и секој ден ја отежнува задачата на родителот да воспостави контрола. На многу рана возраст, децата можат да разберат што им е јасно и едноставно кажано и со љубезно и мудро управување можат да бидат научени да слушаат. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 111)
Кога младите би можеле да видат дека, придржувајќи се кон законите и правилата на нашите институции, тие само го прават тоа што ќе го подобри нивниот статус во општеството, ќе го издигне нивниот карактер, ќе го облагороди нивниот ум и ќе ја зголеми нивната среќа, тие не би се бунтувале против праведните правила и здравите барања, ниту би создавале сомнеж и предрасуди против овие институции. (Порака до младите, стр. 182. оригинал)