„Вечниот Бог е твое засолниште, и под тебе се вечните мишки, ги гони непријателите пред тебе; Тој извикнува: ‘уништи!’“ (Второзаконие 33,27)
Пред нас се опасни времиња. Секој што има познавање на вистината треба да се разбуди и да се стави себеси, телото, душата и духот, под Божја дисциплина. Непријателот ни е зад петици. Мора да бидеме будни, на штрек од него. Мора да го облечеме сето оружје Божјо. Мора да ги следиме упатствата дадени преку Духот на пророштвото. Мора да ја сакаме и да ѝ се покоруваме на вистината за ова време. Тоа ќе нѐ спаси од прифаќање на опасни заблуди. Бог ни зборува преку Неговото Слово. Ни зборуваше преку сведоштвата на црквата и преку книгите кои помогнаа да се разјасни нашата сегашна должност и позицијата што треба да ја заземеме сега. Предупредувањата што беа дадени, ред по ред, правило по правило, треба да се послушаат. Ако ги занемариме, какво оправдување можеме да понудиме? (Gospel Workers, p. 308)
Сѐ додека не најде засолниште во Христа, грешникот е изложен на опасност од вечна смрт; и како бегалецот колебањето и безгрижноста што можеле да го лишат од единствената шанса и изглед на живот, така исто одложувањето и рамнодушноста можеле да доведат и до пропаст на душата. Големиот непријател, сатаната, секој престапник на Божјиот закон го следи во чекор, и сите оние кои не се свесни за својата опасност и не бараат сериозно заштита во вечното Засолниште, набргу ќе станат жртва. (Патријарси и пророци, стр. 517. оригинал)
Oнoj, Кoj ги скрoтил лaвoвитe вo нивнaтa jaмa и Кoj сo свoитe вeрни свeдoци чeкoрeл срeдe oгнeнитe плaмeни, и дeнeс e пoдгoтвeн дa рaбoти вo нaшa пoлзa и дa гo искoрeни сeкoe злo oд нaшaтa прирoдa… Toj нe oдбивa никoj штo e сo скрушeн дух и штo плaчe. (Здравје и среќа, стр. 90. оригинал)
