14 мај – Јакововото покајание

14 Мај
Јакововото покајание

„Се бореше со Ангел и го надвладеа, плачеше и го молеше. Го најде во Ветил и таму Бог зборуваше со него, да, Господ, Бог над Воинствата, Господ е Неговото име.“ (Осија 12,4.5)

Јаков јуначки се борел со ангелот „и победи“ (Осија 12,4). Со понизност, со покајание и со целосна потчинетост, тој грешен, заблуден смртник, го совладал небесното Величество. Тој грчевито се држел за Божјото ветување, а срцето на бесконечната Љубов не можело да се оглуши на молбите на грешникот. (Патријарси и пророци, стр. 197. оригинал)

Историјата на Јакова е исто така доказ дека Бог нема да ги отфрли оние што биле измамени и наведени на грев, но со вистинско покајание се вратиле на вистинскиот пат. Со потчинување на сопственото „јас“ на Божјата волја и со цврста вера, Јаков го постигнал она што, борејќи се со сопствени сили, не можел да го постигне. Така Бог го научил својот слуга дека само божествената сила и Божјата милост можат да му го дадат оној благослов за кој толку многу жеднеел. Така ќе биде и со оние што ќе живеат во последните денови. Кога од сите страни ќе ги опкружат опасности и кога душата ќе им ја обземе очај, тогаш ќе мора да се потпрат само и единствено врз заслугите на Христовата крв. Со нашата сила ние не можеме да сториме ништо. Во нашата безнадежна недостојност мораме да се потпреме врз заслугите на распнатиот и воскреснатиот Спасител. Не постои човек што ќе пропадне ако постапува вака. Пред очите на Семожниот стои долг црн список на нашите гревови. Списокот е заклучен и ниеден од нашите престапи не е изоставен. Но Оној, кој пред толку време го слушнал пекањето на својот слуга, ќе ја чуе и нашата молитва проникната со вера и ќе ни ги прости нашите престапи. Тој тоа го ветил и Тој ќе го одржи својот збор.

Јаков одолеал затоа што бил истраен и решителен. Неговото искуство ја потврдува силата на истрајната молитва. Сега е време да научиме што значи ваквата постојана молитва и нескршлива вера. (Патријарси и пророци, стр. 202.203. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest