14 јуни – Растете во благодатта и познавањето

„Туку растете во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и во денот на вечноста. Амин!“ (2. Петрово 3,18)

Млади пријатели, стравопочитта кон Господ лежи во самата основа на секој напредок; таа е почеток на мудроста. Вашиот Небесен Татко има право врз вас; зашто без ваше барање или заслуга, Тој ви ги дава благословите на своето провидение; и уште повеќе од тоа – Тој ви го дал целото небо во еден дар: Неговиот возљубен Син.

Како возврат за овој бесконечен дар, Тој од вас бара доброволна послушност. Бидејќи сте купени со цена – со скапоцената крв на Синот Божји – Тој бара да ги користите правилно привилегиите што ги уживате.

Вашите интелектуални и морални способности се Божји дарови, таленти кои ви се доверени за мудро усовршување, и не ви е дозволено да ги оставите да мируваат поради недостаток на соодветно развивање или да се осакатат и закржлават поради неактивност. На вас е да одлучите дали ќе ги исполните верно тешките одговорности што ви се доверени, дали вашите напори ќе бидат правилно насочени и дали ќе го дадете најдоброто од себе.

Ние живееме среде опасностите на последните денови. Целото небо е заинтересирано за карактерот што го формирате. Сè е подготвено за вас, за да бидете учесници во божествената природа, откако ќе избегате од распадливоста во светот преку похотите. Човекот не е оставен сам да ги победи силите на злото со своите слаби напори. Помошта е на дофат и ќе му биде дадена на секој што навистина ја сака. Божјите ангели, што се качуваат и слегуваат по скалата што Јаков ја виде во визија, ќе му помогнат на секој што сака да се искачи дури и до највисоките небесни висини. (Fundamentals of Christian Education, p. 85.86)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest