„Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата.“ (Матеј 18,19)
Срдечните молитви на тие малкумина нема да бидат напразни. Господ ќе дојде како одмаздник, но и како заштитник за сите оние кои ја сочувале верата во нејзината чистота и останале неизвалкани од светот. Бог ветил дека во тоа време ќе дојде да ги одмазди своите одбрани кои ден и ноќ викаат кон Него, иако долго чекал на нив со трпение. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 210. оригинал)
Залагајте се за единство. Молете се и тежнејте кон него. Тоа ќе ви донесе духовно здравје, возвишеност на мислите, благородност на карактерот, наклонетост кон она што е небесно; ќе ве оспособи да ја совладате себичноста и злите претпоставки и да станете повеќе отколку победници, преку Оној кој ве љуби и кој се жртвувал заради вас. Распнете го своето јас, почитувајте ги другите повеќе отколку самите себе. Така ќе станете едно со Христа. Пред небесната вселена, пред црквата и пред светот, вие ќе дадете несоборливи докази дека сте Божји синови и ќерки. Со својот пример вие ќе го славите Бога.
Делувањето на чудесната сила која ги спојува срцата на Божјиот народ во христијанска љубов треба да го увидат оние кои не се во верата. Тие треба да увидат дека Господовиот народ престојува на небото во Христа. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 188. оригинал)
Бог ги повикува Неговите верни, оние кои веруваат во Него, да им влеваат храброст на оние кои се сомневаат и очајуваат. Нека Господ ни помогне да си помагаме едни на други и да Го потврдиме со жива вера. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 12. оригинал)