14 aприл – Нека вашиот јазик се воздржува од зло

„Воздржувај го својот јазик од зло и своите усни од лажно зборување!“ (Псалм 34,13)

Од сите дарови со кои Бог ги обдарил луѓето, ниту еден не е подрагоцен од дарот на говор. Ако е посветен од Светиот Дух, тој дар станува сила за добро. Со јазикот убедуваме и придобиваме, со јазикот се молиме и го фалиме Бога, со јазикот соопштуваме прекрасни мисли за Спасителовата љубов. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 337. оригинал)

Оној што сака јасно да ги разликува духовните вистини, мора да избегнува секоја нечистотија во говорот или во мислите. (Копнежот на вековите, стр. 302. оригинал)

Малку се оние кои сакаат да се угледаат на Спасителот во кротост и понизност. Многу бараат од Господа да ги понизи, а не сакаат да се потчинат на потребната дисциплина. Кога ќе дојде искушение, или неволји или пак само предвестување на истите, срцето се бунтува и јазикот изговара зборови кои се како отровни стрели или град што опустошува.

Клеветењето е двојно проклетство кое потешко го погодува говорникот од слушателот. Кој сее семе на неслога и расправии во сопствената душа жнее плод на смртта. Колку е беден тој што озборува и секогаш претчувствува зло!… Гревот на зборување зло почнува со негување на зли мисли… Секоја несвета мисла треба веднаш да се отфрли.

Повлечете се во својата клет, следбеници на Христа! Молете се во вера и со цело срце. Сатаната демне за да ве фати во својата стапица. Морате да добиете помош одозгора ако сакате да се спасите од неговите измами. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 176.177. оригинал

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest