14 февруари – Послушност кон Неговата реч

„А Самоил одговори: „Дали Му се на Господа помили палениците и приносите од послушноста кон Неговиот глас? Знај, послушноста е поскапоцена од најдобрата жртва, покорноста е подобра од овни.“ (1. Самуилова 15,22)

Прилозите и жртвите паленици во старозаветниот период не биле прифатливи за Бога ако не биле принесени во вистински дух. „Зар сепалениците Му се попријатни на Господ,“ вели Самоил, „отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата и покорувањето – подобро од овнешкото месо.“ Божјиот благослов не може да се купи за никакви пари на овој свет ниту со пари може да се стекне било каква победа над гревот. Многумина се подготвени на секаква друга жртва само не на она што се бара од нив, а тоа е да се откажат од себеси и својата волја да ја потчинат на Божјата волја. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 84. оригинал)

„Послушноста е подобра од жртвата.“ А без послушност и несебична љубов и најбогатите дарови се премногу мизерни за да се приложат на Оној Кој е сопственик на сè што постои. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 57. оригинал)

Ништо што Бог заповедал не е неважно, и нема друг начин да се покаже стравопочит кој би Му бил толку пријатен како што е послушноста кон она што Тој го рекол. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 111)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest