13 октомври – Храброст

„Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува, првин за Јудеецот, а и за Гркот.“ (Римјаните 1,16)

Бог не може да ги употреби оние кои во време на опасност, кога сите треба да помогнат со сета сила, храброст и влијание, не се осмелуваат решително да застанат на страната на доброто. Тој повикува луѓе кои верно ќе застанат против злото, војувајќи против началствата и властите, „против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“. На таквите луѓе Тој ќе им ги упати зборовите: „Добро, добар и верен слуго… влези во радоста на господарот свој“ (Пророци и цареви, стр. 142. оригинал)

Надежта и храброста се од суштинско значење за совршена служба на Бога. Тие се плод на верата. Грешно е и неразумно да се очајува. Бог може и сака на своите слуги да им подари „пообилна“ сила отколку што им е потребна да истрпат искушение и неволја. Колку и да ни се чини дека плановите на непријателот на Божјото дело се мудро скроени и поставени, Бог може да ги осуети и оние највештите. Но, Тој тоа ќе го направи на свој начин и во свое време, кога ќе види дека верата на Неговите слуги ја издржала проверката. (Пророци и цареви, стр. 164. оригинал)

Истакнувајќи ја верноста која еврејските момчиња ја покажале во поглед на начелата на умереност, Бог ѝ зборува и на денешната младина. Потребни се луѓе кои како Даниел смело ќе се заложат за делото на правичноста. Потребни се чисти срца, силни раце, бестрашна храброст, зашто во војната меѓу порокот и доблеста потребно е постојано бдеење. На секоја душа сатаната ѝ приоѓа со најразлични примамливи искушенија за да му попушти на апетитот… Силата на разумот, телесната издржливост и должината на животот зависат од непроменливите закони. Доколку се води по тие закони, човек може да се победи самиот себе. (Пророци и цареви, стр. 488.489. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest