13 ноември – Тој ќе биде наш Бог

„Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување.“ (Излез 6,7)

Силниот Израелов Бог е и наш Бог. Во Него можеме да имаме доверба и ако ги држиме Неговите заповеди, Тој ќе работи за нас исто толку очигледно како и некогаш што работел за својот народ. Секој што настојува да оди по патеката на должноста, понекогаш ќе се соочува со сомневање и неверување. Повремено на патот ќе се појават навидум непремостливи пречки така што срцето на оние што ќе паднат во малодушност ќе се обесхрабри, но ним Бог им порачува: Само напред! Вршете ја својата должност по секоја цена. Тешкотиите што изгледаат толку страшни и ја исполнуваат вашата душа со страв, ќе исчезнат штом ќе тргнете напред по патеката на послушноста, понизно надевајќи се во Бога. (Патријарси и пророци, стр. 437. оригинал)

Во Божјото постапување со избраниот народ се забележуваат, покрај љубовта и милосрдието, и најубедливи докази за Неговата строга и непристрасна правда. Во врска со тоа, историјата на еврејскиот народ ни дава доста примери. Бог му дал на Израел големи благослови…. Меѓутоа, колку строго и бргу ги казнувал за нивните престапи! (Патријарси и пророци, стр. 469. оригинал)

Има и такви кои на семожниот и свет Бог, кој се наоѓа во недосеглива светлина, му се обраќаат така како што би ословиле некој на себеси рамен или дури на понизок од себе. Има такви кои во своето однесување во Неговиот дом се чувствуваат послободни отколку што би се осмелиле да бидат во приемната просторија на некој земен властодржец. Тие би требало да имаат на ум дека се наоѓаат во присуство на Оној на кого му се клањаат серафими и пред кого ангелите ги засолнуваат своите лица… Не е друго, а е дом Божји, ова е вратата небеска. (Патријарси и пророци, стр. 252. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest