13 мај – Нема веќе да грешам

13 Мај
Нема веќе да грешам

„Кога безбожникот ќе Му рече на својот Бог: „Ме заведоа, повеќе не ќе грешам. Не разбирам ли, поучи ме Ти сега и ако некогаш правев неправда, во иднина нема да ја вршам!“ (Јов 34,31.32)

Пријди Му на Исуса со сето свое срце. Покај се за гревовите, и исповедај Му се на Бога, одречи се од своето беззаконие, и ќе имаш право на сите Негови ветувања… Ќе дојде ден кога страшната казна на Божјиот гнев ќе биде изречена над сите што упорно се придржуваат на непослушноста кон Него. Тоа ќе биде тогаш кога Бог ќе мора да зборува правда и да прави страшни работи против престапниците на Неговиот закон. Меѓутоа, ти не мораш да бидеш меѓу оние врз кои ќе се излее Божјиот гнев. Сега е денот на спасението. Светлината од крстот на Голгота сѐ уште свети со јасни, светли зраци, откривајќи го Исуса – жртвата за нашите гревови. Кога ќе ги читаш ветувањата што ти ги изнесов, имај на ум дека тие се израз на неискажливата љубов и добрина. Големото срце со бескрајна љубов е привлечено кон грешникот со бескрајна милост. „Во Кого имаме откуп преку Неговата крв и простување на гревовите.“

Да, само верувај дека Бог е твој помошник. Тој сака да го обнови својот морален лик во човекот. Ако не се приближиш кон Него со исповедање и каење, ни Тој нема да се приближи кон тебе со милост и проштевање. Ние сите му должиме на Господа, Тој е Создател на нашето спасение. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 634.635. оригинал)

Сте решиле да му се предадете на Бога. Појдете сега кај Него, молете го да ги испере вашите гревови и да ви даде ново срце. Тогаш верувајте дека Тој ќе го стори тоа затоа што така ветил. Тоа е учење што го проповедал Исус додека бил на земјата; ние мораме да веруваме дека навистина го примаме дарот што ни го ветил Бог и тогаш тој е наш. (Патот кон Христа, стр. 49.50. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest