13 јули – Тајната молитва ќе биде услишена

„А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“ (Матеј 6,6)

Семејната молитва и јавната молитва имаат свое место; но тајното заедништво со Бога е тоа што ја одржува животната сила на душата. Мојсеј го виде образецот на тоа прекрасно здание, кое требаше да биде живеалиштето на Божјата слава, токму на гората со Бога. Исто така, и ние треба во тајното место на заедништво – на гората со Бога – да размислуваме за Неговиот славен идеал за човештвото. Така ќе бидеме способни да го изградиме нашиот карактер на таков начин што врз нас ќе се исполни ветувањето: „Ќе живеам во нив и ќе одам меѓу нив; и ќе им бидам Бог, и тие ќе Ми бидат народ.“

Додека сме зафатени со нашата секојдневна работа, треба да ја возвишуваме душата кон небото во молитва. Тие тивки молби се издигаат како темјан пред престолот на благодатта, и непријателот е збунет. Христијанинот чие срце е вака потпрено на Бога не може да биде совладан. Ниту едно зло средство не може да го уништи неговиот мир. Сите ветувања на Божјото Слово, сета сила на божествената благодат, сите ресурси на Јехова се заложени за да му обезбедат избавување. (Gospel Workers, p. 254)

Бог ги чита скриените мисли. Можеме да се молиме во тајност, и Оној кој гледа во тајност ќе нè чуе и ќе нè награди јавно. (Пораки до младите, стр. 247. оригинал)

Треба многу повеќе да пребиваме во тајна молитва. Христос е лозата, а ние сме гранките. Ако сакаме да растеме и да донесуваме род, мораме непрекинато да црпиме сок и храна од Живата Лоза, затоа што одвоени од Него немаме сила… Кога своите молби ги упатувате кон престолот, треба со помош на цврста вера, во тоа да бидете истрајни. (Рани списи, стр. 73. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest