„Туку, вие пристапивте до Сионската Гора, и до градот на живиот Бог, Небесниот Ерусалим: до десетици илјади ангели.“ (Евреите 12,22)
Светото писмо нѐ известува за бројот, за силата и славата на небесните суштества, за нивниот однос кон Божјето владеење и за нивната поврзаност со планот на спасението… Тие стојат во присуство на Царот над царевите – „со сила моЌни, кои ги извршувате неговите наредби и го слушате гласот не неговите зборови“. Десет илјади по десет илјади и илјада илјади имало небесни весници што ги видел пророк Даниел…
Секој Христов следбеник има свој ангел чувар. Овие небесни чувари ги штитат праведниците од силата на лукавиот. Тоа го увидел и сатаната кога рекол: „Зар попусто Јов е богобојазлив? Зар не го огради ти него и неговата куЌа наоколу, и сѐ што има?“… ЗборувајЌи за оние што веруваат во Него, Спасителот рекол: „Гледајте да не презрете некое од малечкиве, зашто ви велам дека нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на мојот Отец кој е на небесата“ (Матеј 18,10). Така Божјиот народ, иако е изложен на силата на измамата и на вечно будната злоба на кнезот на темнината… обезбеден е со постојана заштита од небесните ангели… Бог им дал на своите деца милост и заштита затоа што тие мора да се сретнуваат со силните орудија на злото – со многубројни суштества, решителни и неуморни, чијашто злоба и сила секој имал можност да ги запознае и да ги почувствува. (Големата борба, стр. 511-513. оригинал)
