13 јануари – Твоето спасение

„Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!“ (Псалм 20,5)

Цело небо е заинтересирано за нашето спасение. На Божјите ангели, илјадници илјади и десетици илјади по десет илјади им е ставено во должност да им служат на оние кои ќе бидат наследници на спасението. Тие нè чуваат од злото и ги одбиваат силите на темнината кои ја сакаат нашата пропаст. Зар немаме причини да бидеме благодарни во секој момент, благодарни дури и тогаш кога на нашиот пат ќе се појават привидни тешкотии? (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 63. оригинал)

Бог сака оние што ја примаат Неговата милост да бидат сведоци за најзината моќ. Тој радо ги прифаќа оние чијшто живот најмногу го навредувал; кога ќе се покаат, им дава божествен Дух, ги поставува на најдоверливи положби и ги праќа кај неверните да им ја објават Неговата безгранична милост. Тој сака Неговите слуги да дадат сведоштво за фактот дека со Неговата милост луѓето можат да поседуваат карактер сличен на Христовиот и да се радуваат на цврстото ветување на Неговата голема љубов. (Копнежот на вековите, стр. 826. оригинал)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest