13 февруари – Милост

„Кој Бог е како Ти Кој го проштава беззаконието, Кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост.“ (Михеј 7,18)

Бог „ужива да помилува“. „Тврдам јас, вели Господ, Господ, не ми е мило да умре безбожникот“ (Михеј 7,18; Езекиел 33,11). За Него уништувањето и изречувањето осуда „е необично дело“ (Исаија 28,21). Меѓутоа, во својата милост и љубов Тој го отстранува превезот од иднината и им го открива на луѓето резултатот на грешното живеење. (Копнежот на вековите, стр. 582. оригинал)

Божјата реч го открива Неговиот карактер. Лично Тој ја објавил својата неограничена љубов и милосрдие. Кога Мојсеј се молел: „Покажи ми ја својата слава!“, Господ одговорил: „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот мој сјај“ (Излез 33,18.19). Бог поминал покрај Мојсеја објавувајќи: „Господ, Господ, Бог милослив, жалослив, долготрпелив, богат со љубов и верност, покажува милост кон илјадници, проштава беззаконија, неправди и гревови“ (Излез 34,6.7). Тој е „долготрпелив и богат со милосрдие“, „зашто му е мила милоста“ (Јона 4,2; Михеј 7,18). (Патот кон Христа, стр. 10. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest