„Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената. Таму, за сонцето Тој оптегнува шатор, кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката.“ (Псалм 19,4.5)
Прекрасните дела во светот на природата не можат да се видат сѐ додека сонцето не ја растера темнината, додека не ги осветли со својата светлина. Така и богатствата на Божјата реч не можат да се проценат сѐ додека Сонцето на праведноста не ги открие со своите блескотни зраци… Додека ги проучуваме Писмата, треба да се молиме светлината на Божјиот Свети Дух да ја осветли Речта за да можеме да ги видиме и да ги оцениме нејзините богатства. (Христови параболи, стр. 113. оригинал)
Оној, чиешто срце одговорило на божествениот допир, ќе се стреми кон она што ќе го зголеми неговото познавање на Бога и што ќе го облагороди и издигне карактерот. Како цутот што го следи Сонцето, овозможувајќи им на сјајните зраци да го допрат и да го даруваат со прекрасна колоритска убавина, така и душата ќе го следи Сонцето на правдата за небесната светлина да може да го разубави карактерот со особините на Христовиот карактер. (Копнежот на вековите, стр. 468. оригинал)
Неговата љубов ни дава привилегија да седиме со Него на небесните места. Кога благословената светлина на Сонцето на Праведноста ги осветлува нашите срца и кога во мир и радост почиваме во Господа, тогаш да го фалиме Господа; да го фалиме Оној кој е здравје на нашето лице и наш Бог. Да го славиме, и тоа не само со зборови, туку посветувајќи Му го она што сме и она што го имаме. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 479. оригинал)
