„Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век.“ (Тит 2,11.12)
Забавните седенки, онака како што обично се приредуваат, исто така се пречка за вистинскиот раст, како на умот, така и на карактерот. Така се формираат лекоумни друштва, се создаваат навики на екстраваганција, трка по уживања и многу често расипност, што целиот живот го фрла во провалијата на злото. Родителите и учителите можат многу да сторат таквите забави да бидат заменети со здрава и животодавна разонода.
Во тоа, како и во сѐ друго што се однесува на нашето добро, Вдахновението го покажало вистинскиот пат. Во старите времиња, животот бил едноставен за луѓето кои биле под Божјо водство. Тие живееле тесно поврзани со природата. Нивните деца учествувале во работата на родителите и ги проучувале убавините на тајните на сокровиштата на природата. Во тишината на полето и шумите, тие размислувале за оние величествени вистини кои, како свет залог, се предавале од генерација во генерација. Таквото воспитување создавало силни луѓе. (Воспитување, стр. 211. оригинал)
Праведноста е љубов, а љубовта е светлина и Божји живот. Божјата праведност е отелотворена во Христа. Примајќи го Него, ја примаме и праведноста. Праведноста не се стекнува со мачни напори ниту со заморна работа, со дарови или жртви, туку таа претставува доброволен дар на секоја душа која е гладна и жедна за правда…
Како што ни е потребна храна за да ја одржиме физичката сила, така ни е потребен Христос, Лебот од Небото, да нѐ поткрепи во духовниот живот и да ни подари сила за работа во Божјето дело. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 18.19. оригинал)