12 октомври – Делото во второто одделение  

„А во вториот дел, само првосвештеникот еднаш во годината, и тоа не без крв, што ја принесува за своите и за гревовите на народот направени од незнаење.“ (Евреите 9,7)

Осумнаесет векови е вршена оваа служба во првото одделение на Светилиштето. Христовата крв ги застапувала покајаните грешници, прибавувајќи им проштавање и примање кај Отецот, но нивните гревови сѐ уште останале запишани во небесните книги. Во рамките на земната служба на крајот од годината било извршено чистење – така, пред Христос да го заврши откупот, треба исто да се изврши чистење, да се отстранат гревовите од Светилиштето. Тоа е онаа служба што почна кога истекоа предвидените 2300 денови и ноќи. Како што преткажал пророк Даниел, во тоа време нашиот Поглавар свештенички влегол во светињата над светињите да го изврши последниот дел од својата свештеничка служба – да го исчисти Светилиштето.

Во старо време гревовите на народот со вера биле пренесувани прво врз жртвата за грев, а потоа со нејзината крв, симболички, во земното Светилиште; така и во новиот завет гревовите на оние што се каат, со вера се пренесени врз Христа и со него, вистински, во небесното Светилиште. Во земното Светилиште е извршено отстранување на гревовите што го сквернавеле него; сега на ист начин мора да биде извршено и вистинско чистење на небесното Светилиште, да се отстранат или да се избришат гревовите што се запишани таму. Но, пред да може да се изврши тоа, мора да се испитаат книгите за да се утврди кој стекнал право со покајание и со вера во Христа да биде учесник во милоста на чистењето. Затоа чистењето на Светилиштето содржи извесно дело на истражување, дело на суд. Ова дело мора да биде извршено пред Христос да дојде да го избави својот народ зашто, кога Тој ќе дојде, со себе ја носи и својата награда „за да му даде секому според неговите дела“ (Откровение 22,12).

Така, оние што бараа светлина, дознаа од пророчката Реч дека Христос на крајот од пророчките 2300 дни, односно во 1844 година, не дојде на земјата, туку влезе во светињата над светињите на небесното Светилиште за да го изврши конечното дело на чистење како подготовка за своето доаѓање.

Го сфатија и тоа дека жртвата за грев укажувала на Христа како жртва, дека поглаварот свештенички го претставувал Христа како посредник, додека азазел го претставувал сатаната, причината на злото, врз кого на крај ќе бидат ставени гревовите на искрените покајници. (Големата борба, стр. 421. 422. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest