12 ноември – Бидете слободни и храбри

„Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.“ (Второзаконие 31,6)

За да се постигне успех на било кое подрачје, мора да се има одредена цел. Оној кој сака да постигне вистински успех во животот, мора постојано да ја има пред очите целта вредна за тој труд. Таква цел е поставена пред денешната младина. Небесната намисла да му се објави Евангелието на светот во оваа генерација е најблагородната цел на која може да и се посвети едно човечко суштество. Таа отвора поле за работа за секој чие срце е допрено од Христа. Божјата намера со децата што растат во нашите домови е многу поширока, подлабока и повисока отколку што нашиот ограничен разум може да разбере… Многу момчиња кои денес растат како што растел Даниел во својот јудејски дом, проучувајќи ја Божјата Реч и Неговите дела и извршувајќи ги верно своите должности, еднаш ќе стојат во законодавните собранија, во судниците или во царските дворови како сведоци на Царот над царевите. (Воспитување, стр. 262. оригинал)

Сè додека, наместо во вера, излез бараш во своите сомневања и стравувања или се обидуваш да пронајдеш решение за сè што можеш јасно да сфатиш, твојата збунетост ќе биде само уште подлабока и подлабока. Ако пак во чувство на потполна беспомошност и зависност, му се обратиш на Бога, доверувајќи ги во молитва своите потреби… Тој кој може да ја слушне твојата молба, ќе ја осветли твојата душа и сè отколку тебе; бидејќи искрената молитва ја поврзува душата со срцето на Семоќниот. (Gospel Workers, p. 320)

Старите навики, наследните склоности кон злото, ќе се борат за превласт, и затоа христијанинот постојано мора да биде претпазлив, борејќи се за победа со Христовата сила. (Делата на апостолите, стр. 476.477. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest