12 јуни – Растење во познавањето на Бога

Така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сè; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога.“ (Колосјаните 1,10)

Своите дарби најдобро ги користи оној кој со искрено настојување се стреми да го оствари големиот Господов план за издигнување на човештвото. Истрај во делото што си го започнал, сè додека не постигнеш победа по победа. Образувај се со цел. Имај го пред себе највисокото мерило, за да можеш да постигнеш што повеќе добра, и на тој начин да ја одразуваш Божјата слава. (Пораки до младите, стр. 48. оригинал)

Не дозволувај да бидеш обземен од големиот обем на работа што треба да ја извршиш во текот на животот, зашто не си должен сè да направиш одеднаш. Насочи ја секоја сила на твоето битие кон секојдневната работа, искористи ja секоја скапоцена прилика, цени ги помошта и благословите што ти ги дава Бог, и напредувај по скалилото на успехот чекор по чекор. Запомни дека треба да живееш само еден ден во исто време, дека Бог ти дал еден ден, и небесните записи ќе покажат колку си ги ценел неговите привилегии и можности. Секој ден што ти е даден од Бог искористи го толку добро, што на крај ќе ги чуеш зборовите на Господарот: „Добро сторено, добар и верен слуго.“ (Пораки до младите, стр. 46. оригинал)

Ништо не е навидум понемоќно, а всушност непобедливо, од душата која ја чувствува својата ништожност и која целосно се потпира на заслугите на Спасителот. Бог ќе го испрати секој небесен ангел да му помогне на таквиот, отколку да дозволи истиот да биде победен. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 17. оригинал)

Запомни дека во твојот живот, верата не треба да биде само едно влијание меѓу многуте други; таа треба да биде влијанието што ќе ги надвладее сите други. Биди строго воздржан. Спротивстави се на секое искушение. Не прави никакви отстапки на лукавиот непријател. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 489)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest