12 јули – Барајте, за вашата радост да биде полна

„Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна.“ (Јован 16,24)

Ми беше покажано дека нашата состојба е нешто слично на тоа кога децата бараат нешто од своите овоземни родители. Родителите знаат дека децата често го бараат и она што би им наштетило, затоа на своите малечки, наместо да им ја исполнат желбата, им го даваат само она што за нив ќе биде здраво и добро. Видов дека Бог ќе ја слушне и услиши секоја молитва упатена со вера и искрено срце. Благословот ќе се излие на оној што го бара со молитва тогаш кога ќе му биде најпотребен, а често тоа и ќе ги надмине неговите очекувања. Молитвата на секој вистински верник, кога е упатена со вера и искрено срце, ќе биде услишена. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 121. оригинал)

Бдеј, моли се, работи – ова е лозинката на христијанинот. Животот на вистинскиот христијанин е живот на постојана молитва. Тој знае дека светлината и силата од еден ден не се доволни за искушенијата и борбите на следниот. Сатаната постојано ги менува своите искушенија. Секој ден ќе се наоѓаме во различни околности; и во нови и непознати сцени што не очекуваат, ќе бидеме опкружени со нови опасности и постојано нападнати од нови и неочекувани искушенија. Само преку силата и благодатта добиени од небото можеме да се надевавме дека ќе ги победиме искушенијата и ќе ги исполниме должностите што се пред нас…

Барај, тогаш; барај, и ќе добиеш. Барај понизност, мудрост, храброст, зголемување на верата. Секоја искрена молитва ќе добие одговор… Молитвите што ги упатуваш во осаменост, во изнемоштеност, во искушение, Бог ги слуша – не секогаш според твоите очекувања, но секогаш за твое добро. (Евангелски работници, стр. 257, 258. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest