12 декември – Бог ги подготвува идните станови за спасените

„Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.“ (Јован 14,1-3)

Пред спасените стои светиот град. Исус ширум ја отвора бисерната порта, и народот што ја одржал вистината влегува во него. Таму тие го гледаат Божјиот рај, татковината на Адама додека уште не згрешил. Тогаш се слуша глас, почудесен од секоја музика што кога и да е слушнало смртното уво: „Вашата борба е завршена!“ „Дојдете, благословени од мојот Отец, примете го царството што ви е приготвено од создавањето на светот.“ (Големата борба, стр. 646. оригинал)

Тогаш јас видов голем број ангели како донесуваат од градот славни круни круна за секој светија, со неговото име напишано на неа. На барање на Исус ангелите Му ги додаваат сите тие круни и Тој со Својата десна рака, прекрасниот Исус ги поставува на главите на светиите. На ист начин ангелите донесоа харфи и Исус исто така и нив им ги предаде на светиите. Заповедничкиот ангел дава почетен тон, и тогаш секој глас беше подигнат во најсрдечна пофалба и благодарност и секоја рака умешно ги мрдаше жиците на харфата, произведувајќи мелодична музика во богати и совршени акорди. Тогаш јас го видов Исус како ја води откупената група до портите на градот. При допирот на Неговата рака бисерните порти се придвижуваат на своите блескави шарки и ширум се отвораат, народот што ја држеше вистината влегува внатре. Во градот сите нешта пружаат задоволство за окото. Богата слава се гледа на сите страни. (Рани списи, стр. 288. оригинал)

   

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest