12 август – Испитај ме и познај го срцето мое

„Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли: Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот пат!“ (Псалм 139,23.24)

Ништо не е поизмамливо од лукавството на гревот. Сатаната е тој кој заслепува, заведува и води во пропаст. Тој не настапува веднаш со цела низа на свои искушенија. Тој ги прикрива своите искушенија со привид на добрина. Во забавите и безумствата тој меша и по нешто добро и измамените души го користат тоа како изговор дека од тоа би имале голема корист. Но тоа е само измамливата страна. Сатаната успева со своите пеколни измами затоа што се крие зад маска. Откако заведените души ќе направат еден чекор, потоа се подготвени за следниот. Многу е попријатно да се следат желбите на сопственото срце, отколку да се внимава и да се одбијат првите настојувања на лукавиот непријател, и со тоа да му се затвори вратата.

О, колку будно Сатаната следи кога неговата мамка толку лесно се прифаќа, и кога гледа како душите чекорат по патеката што самиот им ја подготвил! Тој не сака тие да се откажат од молитвата и надворешното извршување на верските должности; зашто токму така може уште повеќе да ги искористи за својата служба. Тој ја меша својата измама и лукавост со нивните искуства и исповеди, и на тој начин извлекува за себе најголема корист.

Потребно е длабоко самоиспитување. Внимателно треба да се испитуваме во светлината на Божјата Реч: „Дали сум здрав, или сум расипан во срцето? Дали сум обновен во Христос, или сè уште сум телесен, само со нова облека однадвор?“ Застанете пред Божјиот суд и видете – под Божјата светлина – дали има некој таен грев, некое беззаконие, некој идол што сè уште не сте го жртвувале… Постапувајте искрено со својата душа. Истражувајте внимателно. (Порака до младите, стр. 83-84. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest