12 aприл – Фрли го своето бреме врз Господа

„Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот.“ (Псалм 55,22)

Исус не те оставил неизвестен за да те изненадат искушенијата и тешкотиите на кои наидуваш. Тој ти рекол сè за нив, и исто така ти рекол да не се обесхрабруваш и да не паднеш кога ќе наидат искушенија. Својот поглед насочувај го кон Исуса, твојот Откупител и радувај се и весели се. Најтешко се поднесуваат оние маки кои ни ги задаваат нашите браќа, нашите блиски пријатели; но дури и тие маки треба да се поднесуваат трпеливо. Исус повеќе не лежи во новиот Јосифов гроб. Тој станал и се вознел на небото за таму да се залага за нас. Ние имаме Спасител кој толку нè љубел, што умрел за нас, за преку Него да добиеме надеж, сила и храброст и место крај Него на Неговиот престол. Тој може и сака да ти пристапи на помош, кога и да Го повикаш.

Ако се обидеш сам да ги носиш своите товари – тие ќе те здробат. Ти имаш тешки одговорности. На Исуса тоа му е познато и Тој нема да те остави сам, ако ти не го оставиш Него. Тој се прославува ако му се довериш, држејќи се со сета душа за Него како за свој верен Творец. Тој те повикува да се надеваш во Неговата милост, и ти треба да веруваш дека Тој не сака да ги носиш тие тешки товари со својата сопствена сила. Само верувај, и ќе го видиш Божјото спасение…

Тебе те навредува кога некој за кого многу си направил ќе стане твој непријател, кога ќе падне под влијанието што е против тебе. Меѓутоа, зар ти не постапуваш речиси исто така кон Исуса кога се одрекуваш од Него? Тој бил твој најголем пријател… Тој кажува дека Неговиот јарем е благ и Неговото бреме лесно. Покажи дека веруваш во тоа. Држи го Господа за збор. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 128.129)

27 aприл - Не прилагодувајте се на овој свет
26 aприл - Разбудете се
25 aприл - Тргајте се од злото
24 aприл - Внимавајте на Моите зборови
23 aприл - Обратете се кога ви упатувам укор
22 aприл - Бидете благородни
21 aприл - Бегајте од телесните страсти
20 aприл - Учете
19 aприл - Прославете Го Бога
18 aприл - Чувајте го своето срце

Pin It on Pinterest