„Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.“ (Псалм 89,16)
По своето име, Господ е „човекољубив и милостив, долготрпелив, многумилостив и верен… Кој проштава беззаконија, неправди и гревови“. За Христовата црква е запишано: „Ќе му стават име: Господ е правда наша“. Тоа име му се дава на секој Христов следбеник. Тоа е наследство на Божјето дете. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 106. оригинал)
Учениците биле повикани на својата задача да појдат во Христово име. Секој нивни збор и постапка морале вниманието на луѓето да го насочуваат кон Христовото име како животворна сила со која грешниците единствено можат да бидат спасени. Нивната вера морала да се насочи кон Него како извор на милоста и силата. Во Негово име требало да му ги упатуваат своите молитви на Отецот за да бидат примени. Тие имале налог да крштаваат во име на Отецот, Синот и Светиот Дух. Христовото име било нивна лозинка, знак на распознавање и врска на единството со Бога, како и извор на успех во нивната работа. (Делата на апостолите, стр. 28. оригинал)
„Блазе му на народот свикнат со светите воскликнувања, тој оди во сјајот на Твоето лице, Господи. Секогаш се радува во Твоето име, и со Твојата правда се воздига.“ (Псалм 89,15.16)
