12 февруари – Љубезност, правда и добрина

„’А кој сака да се фали, нека се фали со тоа што има мудрост за да Ме сознае Мене. Зашто Јас Сум Господ Кој ги твори милоста, судот и правдата на земјата, зашто тоа Ми е мило,’ зборува Господ.“ (Еремија 9,24)

Ниту еден ограничен ум не може потполно да го разбере карактерот или делата на Бесконечниот. Ние не можеме да Го одгатнеме Бога преку истражување. Тоа свето суштество мора да остане обвиткано со тајна како за најсилниот и најобразуван ум, така и за најслабиот и најнеукиот. (Воспитување, стр. 169. оригинал)

Апостол Павле извикнува: „О длабочино на богатства и на мудрост, и на Божјето знаење! Колку се недостапни неговите судови и неиспитливи неговите патишта“ (Римјаните 11,33). Иако „околу него се облаци и темнина, основа на престолот му се судот и правдата“ (Псалм 97,2). Ние сме во состојба да го сфатиме неговото постапување со нас и побудите што го поттикнуваат само толку колку да можеме да ја разбереме безграничноста на Неговата љубов и милост кои се соединети со бесконечна сила. Од Неговите намери можеме да разбереме онолку колку што е добро за нас да знаеме; а за она што е повеќе од тоа, мораме да се потпреме на семожната рака, на срцето полно со љубов. (Патот кон Христа, стр. 106. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest