12 март – Природата е послушна на Неговата волја

Оние што живеат на крајот на земјата, се плашат од Твоите знаци; ги полниш со радост утрата и вечерите. Ти ја посетуваш земјата и Ти ја напојуваш, ја збогатуваш неа многу. Божјата река се наполни со вода, Ти им обезбедуваш жито на луѓето. Вака ја подготви земјата. (Псалм 65,8.9)

Земјата е Господова. На неа може да се види дека и живата и неживата природа се покорува на Неговата волја…

Колку чудесно, со каква необична убавина е создадено сѐ во природата. Насекаде гледаме совршени дела на големиот Уметник. Небото ја објавува Неговата слава, а земјата, која е создадена заради среќата на човекот, зборува за Неговата неспоредлива љубов. Нејзината површина не е еднолична рамнина, бидејќи големите стари планини придонесуваат за разновидност. Тука се бистрите реки и плодните рамнини, прекрасните езера, бескрајниот океан. Бог праќа роса и дожд за да ја освежат земјата. Тој ги управува ветровите со својата мудрост кои му користат на здравјето прочистувајќи го воздухот. Тој поставил сонце на небото, за да го одвои денот од ноќта и неговите зраци даваат светлина и топлина на земјата, предизвикувајќи бујна вегетација на растенија. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр, 311.312. оригинал)

Ве повикувам да обратите внимание на сите тие благодети од Божјите дарежливи раце… Нашиот небесен Татко дал толку многу за да ја зголеми нашата среќа… Тој е вистински извор на љубов, дарител на неброени благослови. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр, 312.314. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest